Кабли за старт Praxis – 400 A
Каталошки број:5735
799,00 ден
Кабли за старт Praxis – 400 A
Каталошки број:5735
1. Проверете и осигурајте се дека двете возила имаат ист поларитет, односно дека двете возила имаат исто позитивно или исто негативно заземјување.
(Сите возила произведени по 1980 година имаат негативно заземјување).
2. Исклучете ги сите електронски уреди кај двете возила, и исклучете го контактот. Ставете го менувачот во лер (или P-паркинг кај автоматски менувач) и кренете ја рачната сопирачка. Возилата не смее да се допираат.
ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ КАЈ ВОЗИЛА СО НЕГАТИВНО ЗАЗЕМЈУВАЊЕ
Поврзување на каблите за старт
1. Поврзете го ЦРВЕНИОТ кабел со позитивната (+) клема на полниот акумулатор.
2. Поврзете го другиот крај од ЦРВЕНИОТ кабел со позитивната (+) клема на празниот акумулатор.
3. Поврзете го ЦРНИОТ кабел со негативната (-) клема на полниот акумулатор.
4. Поврзете го другиот крај на ЦРНИОТ кабел со необоен поголем дел од шасијата или
моторот на возилото кое го има празниот акумулатор.
5. Уверете се дека овој дел на поврзување е подалеку од акумулаторот, карбураторот, цревата за гориво или цревата за сопирачки за да се намали ризикот од појава на искри.
ПАЛЕЊЕ
1. Каблите мора да бидат подалеку од сите движечки делови на моторот.
2. Запалете го моторот на возилото со полн акумулатор и дозволете да поработи околу 1 минута.
3. Запалете го моторот на возилото со празниот акумулатор. По палењето, дозволете му на моторот да работи најмалку 1 минута (НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ каблите премногу да се загреат). Доколку се прегреат, исклучете го моторот и дозволете каблите да се оладат.
ИСКЛУЧУВАЊЕ НА КАБЛИТЕ
1. Исклучете го моторот на возилото со полниот акумулатор.
2. Исклучете ги каблите обратно од процесот на приклучување.
3. Особено внимавајте на движечките делови на моторот кога ги исклучувате каблите за палење кај возилото чиј мотор работи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
1. Можно присуство на експлозивни гасови. Бидете особено внимателни да не создадете искри.
Згаснете ги цигарите и сите можни извори на оган.
2. Оневозможете меѓусебен контакт на клемите или нивен контакт со шасијата на возилото.
3. Пред работата околу акумулаторот, отстранете ги сите додатоци и накит од рацете и вратот.
4. Држете ги рацете и деловите од облеката (особено вратоврски, ланчиња или марами) подалеку од вентилаторот на возилото и од другите движечки или жешки делови на моторот.
5. Возилата не смее да се допираат.
6. Доколку возилото не пали со каблите за старт, побарајте техничка експертска помош.
7. По употребата, вратете ги каблите во пакувањето за да се оневозможи нивно оштетување.
Информации за испорака:
За нарачки со износ поголем од 2999 Денари испораката е бесплатна на целата територија на Македонија!
За нрачки со износ помал од 2999 Денари каргото е на трошок на купувачот и износот на каргото зависи од големина (габарит на пратката)!
Минимален износ на каргото што се доплаќа е 150 денари.
ВАЖНО!
За производите кои се на акција испоракта не е бесплатна и се доплаќа за каргото при испорака!
Alatzase.com обезбедува враќање на производи и средства единствено за производите кои се купени и платени од Alatzase.com платформата под следниве долу наведените услови:
Рекламација на функционалната исправност на производот, во зависност од моментот на појавениот недостаток во функционирање на производот, може да се признае во едeн од следните случаи:
Вашите поплаки и незадоволства можете да ги пријавите на:
Телефонскиот број 036/311-600 Понеделник – Петок од 08:00 до 16:00 часот или испратете еmail на alatzase@t.mk.
Потрошувачот треба да го знае бројот на сметката или корисничкото име за да можеме да ја провериме вашата нарачка.